• сабота, 09 ноември 2024

Интер ќе му понуди нов двегодишен договор на Инзаги

Интер ќе му понуди нов двегодишен договор на Инзаги

 

Милано, 28.03.2024 (МИА) – Раководството на актуелниот лидер во италијанското фудбалско првенство Интер пред крајот на оваа сезона ќе му понуди нов двегодишен договор на тренерот Симоне Инзаги.

Како што објави денеска „Газета дело Спорт“, раководството на Интер ќе има поинаква стратегија, бидејќи сака да го задржи Инзаги, чиј договор истекува во јуни 2025 година.

Инзаги двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, а двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден договор на две години.

Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред крајот на сезоната, а не на крајот на сезоната.

Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан