• среда, 25 декември 2024

Интер сака бесплатно да го добие Инсиње следното лето

Интер сака бесплатно да го добие Инсиње следното лето
Милано, 1 септември 2021 (МИА) - Напаѓачот Лоренцо Инсиње може да го напушти Наполи следното лето, пренесува „Calciomercato“. Договорот на Италијанецот истекува летото 2022 година, а Интер се надева дека ќе го ангажира фудбалерот како слободен играч. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 48 милиони евра. Во сезоната 2020/21, Инсиње одигра 48 натпревари на сите турнири, постигна 19 гола и направи 11 асистенции. зс/

Остани поврзан