Интер раскинува со Ачерби ако биде прогласен виновен за расизам
- Лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер ќе го раскине договорот со својот дефанзивец Франческо Ачерби доколку играчот биде прогласен за виновен за расистичко однесување, пренесува весникот „Ла газета дело спорт“.
Рим, 23 март 2024 (МИА) – Лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер ќе го раскине договорот со својот дефанзивец Франческо Ачерби доколку играчот биде прогласен за виновен за расистичко однесување, пренесува весникот „Ла газета дело спорт“.
Ачерби вчера беше сослушан од обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Џузепе Сине и ризикува да биде суспендиран најмалку 10 натпревари доколку биде прогласен за виновен.
Фудбалерот на Наполи, Хуан Хезус, го обвини Ачерби дека го нарекол „црнец“ по неделниот натпревар меѓу двата тима во Серија А. Ачерби следниот ден ги негираше обвинувањата.
Одлуката за овој случај треба да биде донесена следната недела. ег ФОТО: Фејсбук