• недела, 06 октомври 2024

Интер по втор пат го победи Милан и се пласира во финалето на Лигата на шампионите

Интер по втор пат го победи Милан и се пласира во финалето на Лигата на шампионите

Милано, 16 мај 2023 (МИА) - Интер вечерва го победи Милан со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

 

Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Лаутаро Мартинез, кој погоди во 74. минута од натпреварот на асистенција на Ромелу Лукаку.

 

Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на „Нероаѕурите“.

 

Интер победи со вкупни 3:0 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со победникот од другата полуфинална пресметка меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан