• среда, 25 декември 2024

Интер потврди: Ериксен е на продажба

Интер потврди: Ериксен е на продажба
Милано, 23 декември 2020 (МИА) – Извршниот директор на италијанскиот прволигаш Интер, Џузепе Марота, соопшти денеска дека Данецот Кристиан Ериксен има дозвола да бара нов клуб. Очекувањата се дека Ериксен, кој на почетокот на годинава дојде во Интер од Тотенхем, ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок. - Ериксен е на списокот играчи, кои се на продажба. Тоа не е казна, но работите не одат, и сметаме дека е исправно да му дадеме шанса да најде клуб во кој ќе има поголема минутажа, изјави Марота. Ериксен во јануари потпиша четиригодишен договор, но за италијанскиот прволигаш одигра само 25 натпревари во Серија А, а на најголем дел од нив влегуваше од клупата за резерви. Интер веќе му даде дозвола на Ериксен да се врати во Данска по радосната вест дека 28-годишниот фудбалер станал татко. ег/гт/

Остани поврзан