• петок, 05 декември 2025

Интер планира две засилувања во одбраната

Интер планира две засилувања во одбраната


Милано, 20 август 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Интер ќе се обиде да донесе две засилувања во одбраната до крајот на летниот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, станува збор за двајца француски дефанзивци, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севиља.
Италијанските медиуми проценуваат дека Интер за нивно ангажирање ќе потроши близу 45 милиони евра.
Паралелно со ова, Интер до крајот на преодниот рок треба да го напушти француски дефанзивец Бенџамин Павард (29), за кого се заинтересирани Галатасарај и Лил.
Интер од продажбата на Павард очекува да добие обесштетување од 18 до 20 милиони евра.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан