Интер не сака да плати ни евро за Видал
- Каталонскиот клуб сака „симболична сума“ слична на онаа за Иван Ракитиќ, пишува „Диарио Спорт“.

Милано, 10 септември 2020 (МИА) - Раководството на Барселона ги прекина разговорите со Интер за Артуро Видал, пишува„ Газета дело Спорт“. Причината е неподготвеноста на италијанскиот клуб да плати сума за трансфер на чилеанскиот играч за врска.
- Нема да платиме ниту едно евро!, се заканиле наводно од „Меаца“, тврди изданието.
Каталонскиот клуб сака „симболична сума“ слична на онаа за Иван Ракитиќ, пишува „Диарио Спорт“.
„Нероазурите“ и Видал претходно постигнаа договор за личните услови на играчот.