• петок, 04 октомври 2024

Интер најде замена за Лаутаро во Сити

Интер најде замена за Лаутаро во Сити
Милано, 21 јуни 2020 (МИА) - Екипата на Интер се насочи кон напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, како замена за Лаутаро Мартинез. Барселона важи за главен фаворит за потписот на репрезентативецот на Аргентина. Има клаузула за откуп, вредна 111 милиони евра, која истекува во јули. Сепак, Каталонците не се подготвени да дадат толку огромна сума и ќе сакаат да дадат двајца играчи како дел од договорот. Се верува дека станува збор за Иван Ракитиќ и Артуро Видал. Доколку се постигне договор, „нероазурите“ ќе се обидат да го привлечат Габриел Жезус од Манчестер Сити, пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Бразилецот има 18 гола во сите натпреварувања за „небесносините“ оваа сезона, но не е стартер за Пеп Гвардиола, кој претпочита да се обложува на Серхио Агуеро.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан