• вторник, 24 декември 2024

Интер Мајами исвиркан во Хонгконг поради отсуството на Меси

Интер Мајами исвиркан во Хонгконг поради отсуството на Меси

Хонгконг, 4 февруари 2024 (МИА) – Тимот на Интер Мајами беше исвиркан за време на пријателскиот натпревар со тим од ѕвезди од шампионатот Хонгконг поради тоа што аргентинскиот напаѓач Лионел Меси не се појави на теренот.

Средбата се одржа денес во Хонгконг на „Националниот стадион“ и заврши со резултат 4:1 во корист на американскиот клуб. На натпреварот присуствуваа околу 38 илјади луѓе.

Меси го мина целиот натпревар на клупата поради истегнување на тетивата. Навивачите беа незадоволни од ова и во вториот дел почнаа да скандираат „го сакаме Меси“. Навивачите, исто така, го исвиркаа косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, кој се обиде да се заблагодари на публиката за нивната „неверојатна поддршка“.

Триесет и шестгодишниот Меси за Интер Мајами игра од 2023 година. Вкупно за тимот одигра 14 натпревари на кои постигна 11 голови и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан