• недела, 28 јули 2024

Интер и ПСЖ може да се договорат за попуст за Икарди поради коронавирусот

Интер и ПСЖ може да се договорат за попуст за Икарди поради коронавирусот
Милано, 16 април 2020 (МИА) – Францускиот фудбалски шампион, Пари Сен-Жермен е во преговори со Интер за да ги откупи правата на напаѓачот Мауро Икарди. Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, клубовите можат да се договорат за попуст поради кризата што се појави поради пандемијата на коронавирус. Оваа сезона, 27-годишниот Икарди играше за париски клуб на позајмица. На неговото конто се 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар. зс/

Остани поврзан