• сабота, 23 ноември 2024

Интер е уверен дека ќе го ангажира Видал оваа недела со договор до 2022 година

Интер е уверен дека ќе го ангажира Видал оваа недела со договор до 2022 година
Милано, 8 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал е близу до преминување во Интер. Според новинарот Фабрицио Романо, италијанскиот клуб е сигурен во успехот на зделката. Чилеанецот ќе потпише договор со Интер до 2022 година. Трансферот на играчот се очекува да биде објавен до крајот на оваа недела. Претходно се дозна дека Видал бара од Барса шест милиони евра за раскин на договорот. Се очекува тој да заработува шест милиони евра годишно во Интер. Минатата сезона Видал забележа 33 настапи во Примера и постигна осум гола. зс/

Остани поврзан