Интер би можел да го врати Онана
- Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, би можел да ја продолжи кариерата во Италија.
Милано, 19 август 2025 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, би можел да ја продолжи кариерата во Италија.
Според „The Sun“, Интер е заинтересиран за 29-годишниот Камерунец. Клубот од Милано ја следи ситуацијата на играчот во Манчестер јунајтед.
Онана веќе играше за Интер во сезоната 2022/23.
Во сезоната 2024/25, Онана одигра 50 натпревари, прими 65 гола и 11 пати успеа да ја зачува целосно својата мрежа. зс/
Фото: ЕПА