• понеделник, 23 декември 2024

Интерпол распиша жолта потерница за исчезнaтата Данка Илиќ од Србија

Интерпол распиша жолта потерница за исчезнaтата Данка Илиќ од Србија

Белград, 31 март 2024 (МИА) - Меѓународната полициска организација Интерпол распиша жолта потерница поради исчезнување на двегодишното девојче од Србија Данка Илиќ.

На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по висечката брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.

Освен тоа, се вели дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, со кафена коса и кафени очи.

Жолта потерница се издава во случај на потрага по исчезнати лица или со цел да се идентификува лице кое не може да се легитимира.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а денеска е шести ден од потрагата по неа.

Во меѓувреме, Амбасадата на Србија во Виена апелираше до своите граѓани кои живеат таму, во случај да ја видат малата Данка веднаш да ја известат српската или австриската полиција. Повикот следува откако Србин кој живее во Виена објави видео со девојче кое наликува на исчезнатата Данка, а полицијата работи на нејзина идентификација и пронаоѓање. ссм/

Остани поврзан