• сабота, 23 ноември 2024

Интерпол му помага на Либан во истрагата за експлозијата, испраќа експерти

Интерпол му помага на Либан во истрагата за експлозијата, испраќа експерти
Париз, 7 август 2020 (МИА) – Интерпол ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето. - На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе и уништи голем дел од градот, се вели во соопштението на Интерпол. Меѓународен тим кој вклучува И експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека искуството на организацијата ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан. јт/

Остани поврзан