• вторник, 17 март 2026

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати

Лондон, 28 февруари 2026 (МИА) - Интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати по почетокот на американските и израелските напади, соопшти денеска групата за следење на интернет НетБлокс.

„Потврдено: Податоците од мрежата покажуваат дека интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати. Инцидентот се случува во време на американските и израелските воени операции и е во согласност со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“, соопшти групата, објави Ен-Би-Си Њуз.

Властите не ги прекинале целосно интернет врските речиси три недели поради масовните протести низ Иран.

Сигналите на мобилните телефони се прекинати во делови од Техеран, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр претходно денеска. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан