• сабота, 28 декември 2024

Интернет-конкурс за видеоразговор со Кијану Ривс со хуманитарна цел

Интернет-конкурс за видеоразговор со Кијану Ривс со хуманитарна цел
Лос Анџелес, 18 јуни 2020 (МИА) - Глумeцoт Кијану Ривс ќе има средба, односно видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот кој ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд" - хуманитарна организација за деца заболени од рак. „Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули. Највисоката виртуелна понуда за овој видеоразговор досега достигна над 16.000 долари. Предвидено е разговорот со ѕвездата да трае 15 минути, со веќе подготвени прашања. Сиот приход од овие „15 минути слава - со Кијану Ривс" ќе ѝ биде директно уплатен на организацијата со седиште во Атланта.  си/сд/

Остани поврзан