• среда, 25 декември 2024

Интернационален извиднички камп во Крушево

Интернационален извиднички камп во Крушево

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Во Крушево од денеска до 21 јули ќе се одржува тринаесетата Македонска извидничка смотра, што ја организира Сојузот на извидници на Македонија (СИМ). На интернационалниот камп ќе учествуваат повеќе од 1000 деца и млади од земјава и од уште 15 држави од регионот, Европа и светот. 

Еднаш, на секои пет години, како дел од својата програма, СИМ ја организира извидничката смотра, која претставува едукативен, авантуристички, повеќедневен камп за деца и млади. Овој настан годинава се организира под мотото „Достигни ги височините”.

Секојдневната програма ќе биде збогатена со дебати, трибини и панел дискусии на кои ќе се дискутираат прашања од важност за младите, а ноќната програма ќе сочинува музички репертоар составен од Суперхикс, DJ Гоце САФ и Day Off, културно-уметнички манифестации, талент шоу и филмски вечери поддржани од МакеДокс.

Генерален покровител на настанот е претседателот Стево Пендаровски, а логистичката поддршка ја обезбеди Армијата на Северна Македонија. свс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан