• понеделник, 23 декември 2024

Интервју на претседателот на Демократското Движење Изет Меџити

Интервју на претседателот на Демократското Движење Изет Меџити

Скопје, 6 октомври 2023

Лидерот на Демократското Движење Изет Меџити, во вечерашното интервју за телевизијата АЛСАТ, директно ги предизвика Артан Груби и ДУИ да не продаваат магла туку целосно да ги затвораат казината по примерот на Косово и Албанија.

„Иако е влезен со двете нозе во бизнисот со казината на аргументиран начин, почнувајќи од директорот, управниот одбор и од многу други прашања, ние го предизвикуваме да го направи тоа што го направија Албанија и Косово и целосно да ги затвориме казината“, рече Меџити.

Тој во интервјуто рече и дека додека Артан Груби е вицепремиер во Владата на Северна Македонија, шеф на Лотарија на Македонија е првиот човек на Груби, Прпарим Бајрами.

Меџити посочи дека во рок од три години бројот на казината и бројот на обложувалници се мултиплицираат како резултат на политиките на Владата и истовремено додека, од една страна, граѓанинот го крева својот глас за девијациите од казината, од друга страна, како заслуга на оваа влада на чело со Груби, казината навлегуваат во нашите домови, во нашите телефони и во нашите компјутери и ги загрозуваат нашите малолетници.

Меџити предупреди дека веќе не се зборува за капитални инвестиции неопходни за граѓаните, туку континуирано имаме сè поголем број на казина.

Демократско Движење

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан