• сабота, 23 ноември 2024

Интервентната полиција при СВР Скопје приведе разбојници веднаш по извршеното кривично дело

Интервентната полиција при СВР Скопје приведе разбојници веднаш по извршеното кривично дело

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска во 02.45 часот по полноќ во централното градско подрачје во Скопје ги лишиле од слобода Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава околу 02.30 часот од Ф.Ф. (22) дека во близина на Собрание на Град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/

фото МИА архива

Остани поврзан