• петок, 25 октомври 2024

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, која е со вкупна должина од 4200 метри, пришто ќе бидат поставени и препумпни уреди, се одвива според предвидената динамика, информираат од Општина Илинден.

Од Општината велат дека станува збор за најчуствителната фаза и најтешката за изработка од проектот, бидејќи во неа ќе се вршат бушења за изведба на трасата за фекална канализација, под автопатот Скопје-Куманово и под меѓународната железничка пруга.

-Тековните работни активности се интензивни каде внимателно се поставуваат најпрвин заштитните метални цефки, а потоа во нив се вметнуваат и цефките за фекална канализација. Во оваа фаза дополнителни ќе се градат и двата препумпни уреди кои се дел од проектот како и се работи и на завршување на два помали краци од примарната фекална канализациона мрежа. Оваа фекална канализација од овој дел на населба Илинден, ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал кој минува низ населените места Илинден и Марино и фекалните води ќе се спроведат до излезот на насленото место Марино каде ќе отпочнеме активности за изградба на нова печистелна станица која ќе ги пречистува отпадните води, се вели во соопштението од Општина Илинден. 

Овој дел од населба Илинден, додаваат оттаму, е еден од најниските делови од населбата и досега воопшто не беше третиран за работа, поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.

Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден. сст/са/

фото Општина Илинден

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан