• вторник, 24 декември 2024

Институт за проучување на војната: Русија бара посредници за преговори со Украина

Институт за проучување на војната: Русија бара посредници за преговори со Украина

Москва, 10 септември 2024 (МИА) - Американскиот институт за проучување на војната оцени дека Кремљ најверојатно се обидува да најде посредници за преговорите со Украина.

Според извештајот на Институтот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнал со своите колеги од Бразил и Индија, Мауро Виеира и Субрахмањам Џаишанкар, на маргините на вчерашниот состанок на Советот за соработка меѓу Русија и Заливот во Саудиска Арабија.

Лавров со соговорниците разговарал за војната во Украина, но руското Министерство за надворешни работи не открива детали од средбата.

Бразил и Кина од мај го промовираат својот мировен план од шест точки „Политичко решение на украинската криза“, чии клучни принципи се во корист на Русија.

Индискиот премиер Нарендра Моди неодамна дојде во Киев и официјално ја потврди поддршката на Индија за мирот во Украина врз основа на принципите на меѓународното право, вклучувајќи го и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на државите.

Во исто време, Лавров го повтори ставот на Кремљ дека украинската „формула за мир е ултиматум“ и дека Русија никогаш сериозно не размислувала за тој план. паг/

 

 

Остани поврзан