• понеделник, 23 декември 2024

Институтот за семејни студии ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството

Институтот за семејни студии ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет на УКИМ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството 15 Мај кој е прогласен од Обединетите нации во 1993 година.

Настанот ќе го отворат раководителката на Институтот за семејни студии Ирена Авировиќ-Бундалевска, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателот на студентското собрание на факултетот Дамјан Бужарвски и Тања Јосимовска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“-Скопје. Пред нивните обраќања, ќе има ликовна работилница со ученици од ова училиште.

Ќе бидат промовирани Протокол за обезбедување квалитет за семејна поддршка и студентското списание „VOX“. 

-Овој ден се обележува насекаде во светот и целта е да се подигне свеста за важноста на семејството и да се поттикне јавноста да даде поддршка за семејствата кои се соочуваат со економски, општествени и интелектуални проблеми. Денот дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и за зголемување на знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејствата, соопшти Институтот за семејни студии. хс/лв/

Фото: Институт за семејни студии

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан