• понеделник, 23 декември 2024

Институтот за развој на заедницата со донација за Воспитно-поправен дом „Тетово“

Институтот за развој на заедницата со донација за Воспитно-поправен дом „Тетово“

Тетово, 15 јули 2021 (МИА) - Во Воспитно-поправниот дом „Тетово“  денеска пристигна донација од Здружение Институт за развој на заедницата - Тетово. Донирани се средства во вид на техничка опрема, храна, облека, средства за лична хигиена и образовни материјали.

Како што информираат од Институтот, целта на донацијата е да се подобрат условите за престој на штитениците во Домот и подготовка за нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството.

- Поддршката беше обезбедена од страна на Здружение ИРЗ Тетово и АСБ Германија. Изминатите години Здружение ИРЗ во континуитет обезбедува поддршка за пенитенцијалните установи како што се Казнено-поправна установи во Штип и Тетово и Воспитно-поправен дом во Тетово, информираат од ИРЗ Тетово. 

Од страна на претставниците на Здружение ИРЗ ја потенцираат посветеноста на Управата за издржување на санкции и на ВП Дом Тетово, за подобрување на условите за престој во пенитенцијалните установи за што беа доделени признанија и благодарница за досегашната успешна соработка. ас/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан