• понеделник, 23 декември 2024

Иницијатива на младинското здружение на глуви и наглуви Млад знак „Слушнете нè: Здравството е за сите!“ 

Иницијатива на младинското здружение на глуви и наглуви Млад знак „Слушнете нè: Здравството е за сите!“ 

Скопје, 3 декември 2024 

Имајќи ја предвид актуелната состојба во која глувите и наглувите лица не можат редовно и целосно да остварат здравствена заштита за себе и за своите семејства, младинското здружение на глуви и наглуви Млад знак одржа состанок со министерот за здравство, Арбен Таравари на кој побара итно да се овозможи непречен пристап до здравствени услуги за глувите и наглувите лица во земјава.  
На оваа средба го запознавме министерот со предизвиците на глувите лица при пристапот до здравствени услуги, споделивме конкретни препораки и решенија кои целат да ги надминат потешкотиите во секојдневието на младите глуви лица. Беа презентирани реалните секојдневни и решливи проблеми на глувите и наглуви лица во остварување на правата и услугите во здравствениот систем, а со цел да се подобри еднаквоста во здравствениот систем.

 За да се овозможи ова, треба: 

 • Да се операционализира плаќањето за толкувањето на знаковен јазик за исполнување на здравствените потреби на глувите и наглувите лица.

 • Да се информира и обучи здравствениот персонал за разбирање на потребите и за начините на овозможување на здравствените услуги за глувите и наглувите лица. 

 • Да се направат здравствените информации пристапни за глувите и наглувите лица. 

 • Да се интегрира евиденцијата на глуви и наглуви лица во здравствениот систем. 

Исто така, ги повикуваме да ни се придружат и се надеваме на целосна и искрена поддршка од сите заинтересирани страни, асоцијации и здруженија на глуви и наглуви лица бидејќи и ние како и другите граѓани на оваа земја имаме право да бидеме здрави и да добиеме здравствени услуги кога ни требаат и каде што ни требаат. 

Оваа иницијатива доаѓа од Младинското здружение на глуви и наглуви лица „Млад знак“, а се спроведува со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамки на проектот „Практикувај демократија” финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Младинско здружение на глуви и наглуви

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото принтскрин / Младинско здружение на глуви и наглуви

 

Остани поврзан