• понеделник, 02 септември 2024

Иниеста: На Гризман му треба време да се прилагоди, исто како и на Де Јонг

Иниеста: На Гризман му треба време да се прилагоди, исто како и на Де Јонг
Барселона, 17 април 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека на напаѓачот на каталонскиот тим Антоан Гриезман му треба време за да се адаптира. - Гризман и Френки де Јонг се во иста позиција. На Антоан, како и на Френки, му треба време, исто како и секој новодојденец кој се придружува во тимот секоја година. Гризман е огромен талент, тој ќе успее и ќе најде место во тимот, за кого не е така лесно да се игра, изјави Иниеста. Дваесет и деветгодишниот Гриезман се пресели во Барселона од Атлетико за 120 милиони евра летото 2019 година. До прекинот на сезоната 2019/20 година, Французинот постигна 14 гола и забележа асистенции на 37 натпревари за Каталонците. зс/

Остани поврзан