Иниеста: Постои шанса Меси да се врати во Барселона
- Фудбалерот на јапонски Кобе и поранешен член на Барселона, Андрес Иниеста, изјави во разговор за аргентинската телевизија TyC дека Лионел Меси би можел да се врати во редовите на каталонскиот

Буенос Аирес, 30 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на јапонски Кобе и поранешен член на Барселона, Андрес Иниеста, изјави во разговор за аргентинската телевизија TyC дека Лионел Меси би можел да се врати во редовите на каталонскиот гигант.
Иниеста и Меси беа 14 години клупски колеги во Барселона. Шпанецот во 2018 година замина во Јапонија, додека Аргентинецот во 2021. Прејде во француски ПСЖ.
-Поранешниот Меси и денешниот Меси се поинакви од сите други. Тој е број еден, изјави Иниеста.
-Враќањето во Барселона не е лесно, но Лео може да се врати, постои можност за такво нешто, додаде поранешниот шпански репреентативец. ег/