• понеделник, 02 септември 2024

Иниеста го продолжи договорот со Висел Коби до 2023 година

Иниеста го продолжи договорот со Висел Коби до 2023 година
Токио, 11 мај 2021 (МИА) - Играчот за врска на Висел Коби, Андрес Иниеста го продолжи договорот со клубот, соопшти прес-службата на тимот. Новиот договор на 37-годишниот играч со јапонскиот клуб се пресметува до летото 2023 година. Минатата сезона Висел Коби заврши на 14. место во поредокот. Шпанецот постигна четири гола и шест асистенции. Иниеста игра за Висел Коби од 2018 година, каде се пресели од Барселона. зс/

Остани поврзан