• сабота, 23 ноември 2024

Инзаги: На Јувентус требаше да му дадеме седум-осум гола

Инзаги: На Јувентус требаше да му дадеме седум-осум гола

Милано, 28 октомври (МИА) – Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е разочаран по ремито (4:4) со Јувентус вчеравечер во дербито на 9. коло од Серија А.

Интер водеше со 4:2 на дваесетина минути пред крајот, но дозволи противникот да се спаси од поразот.

- Има разочарување, но како тренер морам да ги анализирам четирите гола што ги примивме. Игравме против силен тим, но не смеевме да примиме четири гола. Морам да се надоврзам и на позитивните страни. Јувентус е тим кој прими само еден гол од игра на осум натпревари во Серија А денес требаше да прими седум или осум. За жал, имавме четири-пет шанси да го постигнеме петтиот гол. Потоа следуваше казната за промашените шанси. Има горчина, но како тренер треба да анализирам и да разговарам со играчите, тие изгледаа депресивно во соблекувалната. Фрустрирачки е затоа што игравме против Јувентус, чија силна страна е одбраната, и создадовме многу шанси за гол, но не победивме, изјави тренерот на Интер за „Sky Sport Italia“.

Лидер во поредокот е Наполи со 22 бода, Интер е втор со 18, Јувентус на третото место собра 17 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан