Инзаги, Конте и Барела суспендирани еден натпревар
- Тренерот на лидерот во италијанската фудбалска лига Интер, Симоне Инзаги е суспендиран на еден натпревар откако беше исклучен во последните минути од неделниот дуел против Удинезе.

Рим, 1 април 2025 (МИА) – Тренерот на лидерот во италијанската фудбалска лига Интер, Симоне Инзаги е суспендиран на еден натпревар откако беше исклучен во последните минути од неделниот дуел против Удинезе.
Тренерот на Интер најпрвин доби жолт картон за време на натпреварот, а беше исклучен на неколку минути пред крајот кога влезе на теренот и му се пожали на главниот судија.
Инзаги ќе мора да плати и казна од 5.000 евра.
По натпреварот, во кој неговиот тим победи со 2-1, Инзаги се извини и призна дека судијата бил во право што го исклучил.
Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, исто така, е суспендиран на еден натпревар, откако го доби петтиот жолт картон против Удинезе.
Суспензија од еден натпревар му е изречена денеска и на тренерот на Наполи, Антонио Конте, откако го доби и петтиот жолт картон оваа сезона за време на победата на Наполи над Милан со 2-1. ег
ФОТО: ЕПА