• вторник, 24 декември 2024

Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум

Индустриското производство во САД на 11-годишниот минимум

Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) - Производствената активност на САД го ублажи падот во мај, иако се уште е на 11-годишниот минимум.
Како што пренесуваат странските агенции, закрепнувањето од кризата со коронавирусот, сепак, може да трае со години поради големата невработеност.
Американскиот Институт за управување со снабдување (ИСМ) вчера соопшти дека неговиот индекс на индустриска активност во земјата се зголемил на 43,1 поени во мај, од 41,5 поени во април, најниско ниво од април 2009 година.
Индикаторот под 50 поени укажува на намалување на индустриското производство, што сочинува 11 проценти од американската економија. Ова е прв пораст на индексот ИСМ од јануари, што според регионалните истражувања укажува на подобрување на производството во мај и потврдува дека економската активност во април се спушти на дното.
Американската економија падна за 5,0 проценти меѓугодишно во првиот квартал, што е најлош резултат од рецесијата 2007-2009 година. Се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) ќе се намали за дури 40 проценти во вториот квартал, што би претставувало најголемо намалување на производството од Големата депресија во 1930-тите. паг/
     

Остани поврзан