• сабота, 21 декември 2024

Индонезиски рибари спасија 116 бегалци Рохинџи

Индонезиски рибари спасија 116 бегалци Рохинџи

Локсеумбе, 30 ноември 2024 (МИА) - Индонезиски рибари спасија 116 бегалци Рохинџи, главно прегладнети и слаби жени и деца, откако нивниот брод потонал, соопштија денеска локалните власти, пренесе Бета.

Групата испловила од бегалски камп во Бангладеш со надеж дека ќе стигнат до Индонезија или Малезија во потрага по подобар живот, но во меѓувреме нивниот чамец се насукал на остров во северната индонезиска провинција Ачех, соопшти локалната полиција.

„Локалните жители им помогнаа бидејќи изгледаа многу слабо поради глад и дехидрација“, соопшти полицијата, додавајќи дека, сепак, многу локални жители се против нивниот долгорочен престој.

Околу еден милион претежно муслимански Рохинџи живеат во Бангладеш како бегалци од Мјанмар, кои избегаа оттаму во 2017 година по бруталната кампања на тамошните безбедносни сили, кои во меѓувреме се обвинети за масовни силувања и убиства.

Индонезија побара помош од меѓународната заедница по драстичното зголемување на бројот на бегалци Рохинџи, кои од минатата година почнаа масовно да бегаат од преполните кампови во Бангладеш.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан