• понеделник, 23 декември 2024

Индија се подготвува да изгради две подморници на нуклеарен погон

Индија се подготвува да изгради две подморници на нуклеарен погон

Њу Делхи, 10 октомври 2024 (МИА) - Индија ги одобри плановите за изградба на две подморници од нова класа на нуклеарен погон, потврдија двајца претставници на Министерството за одбрана.

Официјални лица кои сакале да останат анонимни потврдија дека кабинетот на премиерот Нарендра Моди дал зелено светло за изградба на првите две подморници од новата класа, од вкупно шест планирани за индиската морнарица, но не го прецизираа датумот на испораката.

Станува збор за проект кој се проценува дека чини околу 450 милијарди рупии или 5,4 милијарди долари. Индија во борбата да ја модернизира својата војска поради зголеменото присуство на Кина во регионот на Индискиот Океан, се фокусира на зајакнување на своите поморски способности и подобрување на своите домашни способности за производство на оружје.

 Индија се у борби да модернизује своју војску поводом све већег присуства Кине у региону Индијског океана, фокусира на јачање поморских способности и унапређење домаћих капацитета за прављење оружја.

Новите индиски подморници ќе бидат изградени во владиниот центар за бродоградба во јужното индиско пристаниште Висахапатнам. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан