• петок, 08 ноември 2024

Индија прогласи висока готовност на своите сили на границата со Бангладеш

Индија прогласи висока готовност на своите сили на границата со Бангладеш

Њу Делхи, 5 август 2024 (МИА) - Индиските погранични безбедносни сили (БФС) прогласија „висока готовност“ меѓу сите свои формации долж границата меѓу Индија и Бангладеш долга 4.096 километри, јави националната агенција.

Претходно денеска, премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка и ја напушти земјата, наведе Си-Ен-Ен Њуз 18, и додаде дека таа веќе пристигнала во индискиот град Агартала.

Првиот човек на индиските погранични безбедносни сили, Даљит Синг Чаудари, и други високи функционери во Калкута (главниот град на државата Западен Бенгал) ја разгледаа ситуацијата долж границата. На сите теренски команданти на БФС им е наредено „веднаш да го распоредат целиот свој персонал долж границата“.

Границата меѓу Индија и Бангладеш минува низ пет индиски држави, а најголемиот дел од 2.217 километри паѓа во Западен Бенгал.

Портпаролот на Индиските железници изјави дека сите возови што сообраќаат кон Бангладеш се суспендирани, јави британските медиуми.сд/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан