Индијана без Халибартон во новата сезона
- Кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон, ќе ја пропушти новата сезона во НБА, бидејќи ќе се опоравува од операцијата на Ахилова тетива, најави генералниот менаџер на неговиот клуб, Кевин Причард.
Индијанаполис, 8 јули 2025 (МИА) – Кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон, ќе ја пропушти новата сезона во НБА, бидејќи ќе се опоравува од операцијата на Ахилова тетива, најави генералниот менаџер на неговиот клуб, Кевин Причард.
„Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро … Сепак, тој нема да игра следната сезона. Не сакаме ништо да ризикуваме. Другите играчи ќе имаат шанса да се подобрат“, рече Причард на прес-конференција.
Минатата сезона, Халибартон ја предводеше Индијана до финалето во НБА лигата пред да се повреди на 22 јуни, во првата четвртина од клучниот седми натпревар од финалето против Оклахома.
Пред седмиот натпревар против Оклахома во плејофот, Халибартон имаше просек од 17,7 поени и девет асистенции, а постави рекорд на франшизата со 197 асистенции во плејофот. ег
ФОТО: ЕПА