Индиското МНР ги повика руските власти да ги вратат телата на двајца индијци убиени во Украина
- Индија соопшти дека двајца нејзини државјани кои биле регрутирани од руската армија биле убиени на бојното поле во Украина. Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги повикало руските власти да ги вратат телата на двајцата починати во татковината, јавува Би-би-си.
Њу Делхи, 12 јуни 2024 (МИА) - Индија соопшти дека двајца нејзини државјани кои биле регрутирани од руската армија биле убиени на бојното поле во Украина. Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги повикало руските власти да ги вратат телата на двајцата починати во татковината, јавува Би-би-си.
Министерството, исто така, ја повика Москва брзо да ги ослободи и врати сите индиски државјани кои се во руската армија. Наводно, агентите убедиле десетици Индијци да се борат на руската страна за да заработат пари и да добијат руски пасоши.
-Со жалење забележуваме дека двајца индиски државјани регрутирани од руската армија неодамна беа убиени во тековниот конфликт меѓу Русија и Украина, се вели во соопштението на индиското Министерство за надворешни работи, без да се наведат имињата на жртвите.
Најмалку уште двајца Индијци загинаа претходно оваа година борејќи се за руските сили.
И покрај повиците од Русија да ги врати индиските државјани кои служат во руската војска, Индија одби да го осуди Кремљ за сеопфатната инвазија на Украина. Наместо тоа, таа ги повика двете страни да бараат мир преку дијалог и дипломатија. мс/
фото: Принтскрин „Х“