• сабота, 13 декември 2025

Илјадници пилиња се разбегале на автопат во Северна Германија

Илјадници пилиња се  разбегале на автопат во Северна Германија

Северна Германија, 11 декември 2025 (МИА) -  Илјадници пилиња се разбегале на автопатот близу Магдебург откако камион, кој ги превезувал, се превртел, соопшти ДПА. 

Причината за несреќата засега не е позната, а товарот на камионот изнесувал 15 тони. На местото на настанот интервенирале ветеринари за да ги соберат животните.

По несреќата, сообраќајот во тој дел беше блокиран, а возачот на камионот помина без телесни повреди. мв/мс/

Фото: ДПА

Остани поврзан