• сабота, 21 декември 2024

Илјадници Израелци маршираа по автопат кон Ерусалим, стигнаа до резиденцијата на Нетанјаху

Илјадници Израелци маршираа по автопат кон Ерусалим, стигнаа до резиденцијата на Нетанјаху

Ерусалим, 2 март 2024 (МИА) – Илјадници Израелци кои со марш бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигнаа во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас.

Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време на смртоносниот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, пристигнаа по автопат до Ерусалим.

Носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, тие го завршија четиридневниот марш што почна на едно од местата на октомврискиот напад, а им се придружија и други демонстранти на собирот пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

- Маршираме за да им дадеме поддршка на семејствата на киднапираните, со желба тие наскоро да бидат ослободени и да бидат безбедни. Се молиме за нив со секој наш чекор, изјави Дени Куперман, еден од демонстрантите.

Мировните преговори за Газа треба да продолжат утре во Каиро. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан