• четврток, 07 ноември 2024

Илјадници демонстранти се придружија на маршот „Никогаш повторно војна“ низ центарот на Берлин

Илјадници демонстранти се придружија на маршот „Никогаш повторно војна“ низ центарот на Берлин

Берлин, 3 октомври 2024 (МИА) - Илјадници демонстранти го послушаа повикот на иницијативата „Никогаш повторно војна“ за марш низ центарот на Берлин на Денот на германското обединување, јави ДПА.

Тие носеа транспаренти кои повикуваат на дипломатија наместо на војна и на запирање на испораката на оружје за Украина, додава германската агенција.

Многу учесници на маршот вееја знамиња со гулабот на мирот, откако од три правца се собраа пред „Колона на победата“, во центарот на Берлин.

Берлинската градска полиција соопшти дека не бил регистриран ниту еден позначаен инцидент, дополнувајќи дека во обезбедување на протестот биле распореди околу 1.000 полицајци.

Полицијата излезе со проценка дека бројот на учесници на маршот е околу 10.000, додека организаторите соопштија дека на протестот имало 30.000 лица.

Демонстрантите на една од рутите изразија солидарност со луѓето во Појасот Газа, држејќи плакати со повик за „крај на окупацискиот терор“ и „НАТО турка војна и геноцид – Солидарност со Донбас и Газа“, пренесува ДПА. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан