• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед

Илон Маск се шегувал дека ќе го купи Манчестер Јунајтед
Вашингтон, 17 август 2022 (МИА) - Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека се шегувал кога кажал дека има намера да го купи Манчестер Јунајтед е шега. Ноќта помеѓу 16 и 17 август, Маск објави на Твитер дека ќе го купи англискиот клуб. - Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството, објасни Маск на својот Твитер. Манчестер јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година. зс/

Остани поврзан