• понеделник, 23 декември 2024

Илијана Јотова: Услов од кој Бугарија нема да отстапи е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија

Илијана Јотова: Услов од кој Бугарија нема да отстапи е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија

Софија, 12 јули 2023 - Задолжителен услов, од кој Бугарија нема да отстапи, е вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на Република Северна Македонија. Ова му го посочи потпретседателката Илијана Јотова на Кристијан Даниелсон, државен секретар за прашања на Европската унија на Кралството Шведска, соопшти прес-службата на шефот на државата. Меѓу главните теми на разговорот меѓу двајцата соговорници на „Дондуков“ 2 беше и проширувањето на Европската унија.

„Очекуваме Скопје реално да го спроведе Договорот за добрососедство, како и двата заеднички протоколи. Темелна вредност на Европската Унија е почитувањето на човековите права. Таму каде што не се заштитени човековите права, нема Европска Унија“, рече Јотова.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. 

Даниелсон се заблагодари за поддршката на Бугарија за време на минатото шведско претседавање со Советот на ЕУ, како и за членството на Шведска во НАТО, додаваат од прес-службата.

„Се надеваме на позитивен развој на есен во однос на приемот на Бугарија во Шенген. Мојата земја одамна ги исполни критериумите за членство, таа е сигурна надворешна граница на Европската унија“, рече потпретседателката Јотова и посочи дека Бугарија се потпира на поддршката на Шведска.

„По оставката на премиерот Марк Руте, не знаеме каков ќе биде ставот на Холандија“, посочи таа.

Со 526 гласа „за“, 57 „против“ и 42 воздржани, Европскиот парламент денеска во Стразбур гласаше за поддршка на новиот повик за прием на Бугарија и Романија во Шенген. Ова е вторпат европратениците да инсистираат Советот на ЕУ да постигне едногласност, откако во 2011 година беше објавена подготвеноста на двете земји.

 _________________________________________________________________________ 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан