• четврток, 07 ноември 2024

Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон

Илинден прогласен за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон
Вашингтон, 7 август 2020 (МИА) - Американската престолнина денеска објави прокламација со која 2 август се прогласува за Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон. Прокламацијата е донесена по иницијатива на Обединета македонска дијаспора (ОМД), организација на иселениците Македонци кои живеат и работат во САД, и потпишана од градоначалничката Мјуриел Бaузер. -Иако беше побарано уште пред еден месец, од нејзината канцеларија се извинија што малку задоцнија, поради зафатеност околу вонредната ситуација со Ковид-19 во САД, изјави за МИА Мето Колоски, претседател на ОМД. Македонците во Вашингтон и насекаде низ земјата, вели тој, се посебно горди за признанието што го дава една од најважните политички институции во Америка, главниот град на САД. -Додека, македонските Американци имаат богато и традиционално искуство во уметноста, архитектурата, поезијата, музиката, и танците; и додека, македонските Американци прават вредни придонеси во многу аспекти на животот вклучително и во бизнисот, правото, медицината, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура; и -Додека, многумина Македонци се истакнати лидери и јавни службеници кои придонесуваат кон богатството на разновидноста на нашата култура, и изразуваат гордост за нивното богато наследство; и додека, денес, Обединета македонска дијаспора и македонско американската заедница го слават Илинден, важен празник кој што го празнува храбриот, иако неуспешен обид за ослободување на Македонците, и создавање на првата демократска република во југоисточна Европа; и -Додека, македонските Американци се придружуваат на заложбите за мирно и разновидно општество каде секој поединец е третиран еднакво: Сега, затоа, јас, градоначалничката на Вашингтон, го прогласувам 2 август 2020, во Вашингтон, како „Ден на македонско- американското наследство“, се вели во прокламацијата. кб/лв/

Остани поврзан