• четврток, 20 февруари 2025

Илиевски: СДСМ со 7 економски мерки за спас на стандардот на граѓаните

Илиевски: СДСМ со 7 економски мерки за спас на стандардот на граѓаните

Скопје, 14 февруари 2025

Секој ден сè повеќе граѓани се борат да ги платат сметките и да купат храна за своите семејства. Цените растат, а платите не се менуваат. Пораснаа сметките за парно, за струја, за основни производи. Буквално нема што не е поскапено. Ги гледаме луѓето како се откажуваат од основни намирници, задолжуваат или бараат начин да заштедат таму каде што веќе нема простор за штедење.

Во меѓувреме, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е изгубена. Нема план, нема решенија, нема вистинска грижа за народот. За осум месеци, не понудија ниту една мерка не го намали овој товар. Напротив, кризата станува сè подлабока, а луѓето се сè понемоќни. Дури и оние мерки кои ги понудија сега, кои претходно ги критикуваа и одбиваа, не се способни да ги спроведат.

СДСМ докажа во минатото дека има проверени и конкретни економски мерки за ваквата состојба. Сега нудиме пакет решенија за спас на стандардот на граѓаните.

Со 7 економски мерки, ќе го олесниме животот на секое семејство и ќе ги заштитиме граѓаните од понатамошен пад на животниот стандард.

Дозволете ми уште еднаш да ги претставам овие мерки, кои нашите пратеници ќе ги преточат во предлог закони и ќе ги поднесат во Собранието:

1. Намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%.
Ова ќе значи намалување од најмалку 13% на сметките за струја. За едно семејство, тоа е заштеда од околу 400 денари месечно.

2. Намалување на ДДВ за основни прехранбени производи.
Во комбинација со замрзнување на цените и фиксирање на маржите, ова ќе донесе намалување на цените дури и до 30%.

3. Замрзнување на цените на основните производи.
Трите месеци стабилни цени ќе значат предвидливост за граѓаните и помала грижа како да ги распределат своите примања.

4. Фиксирање на маржите за основните производи.
Ќе ги спречиме манипулациите и злоупотребите од страна на трговците.

5. Итна примена на Законот за нефер трговски практики.
Овој закон, што го донесе СДСМ, ќе ги заштити граѓаните од злоупотреби и ќе обезбеди ред на пазарот.

6. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили.
Семејствата и малите бизниси ќе добијат олеснување, со годишна заштеда од 9 до 11 милиони евра.

7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.
350.000 граѓани ќе добијат месечно зголемување на платите од 3.000 до 15.000 денари.

Овие мерки се осмислени да делуваат брзо и ефикасно! Тие ќе го намалат притисокот врз вашите буџети, ќе донесат повеќе пари назад во секое домаќинство и ќе ја стабилизираат економијата.

Од друга страна, Владата на ВМРО-ДПМНЕ нè доведе до оваа состојба и сега нуди само половични и задоцнети решенија. Затоа, СДСМ не само што предлага мерки, туку активно работи за нивна реализација, бидејќи граѓаните заслужуваат итна и ефикасна акција. Затоа што животниот стандард на граѓаните е наш приоритет!

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски


Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води.

СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот. 

Граѓаните веќе плаќаат цена за неспособноста на Мицкоски. Затоа им порачуваме да ги прифатат овие решенија како пакет мерки кои се во интерес на граѓаните и стопанството.

 

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Шокантни изјави на Таравари, Владата создаде економска криза, сега ѝ требаат теми за дефокусирање


Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, кои повеќе наликува дека е министер без ресор, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството.

Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.

А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.

По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.

На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго.

 

СДСМ: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот туку промена на грбот и химната

Владата на Мицкоски преку министерот без ресор, Арбен Таравари, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството.

Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, сиромаштијата која расте и стандардот на граѓаните, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.

А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.

По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.

На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго.

 

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан