• недела, 22 декември 2024

Илбер Села и Фејзи Бојко добитници на државната награда „22 Ноември“

Илбер Села и Фејзи Бојко добитници на државната награда „22 Ноември“
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) – Државната награда „22 Ноември“ оваа година им се доделува на проф. д-р Илбер Села, политиколог и на писателот Фејзи Бојко, информира Министерството за култура. -Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава, се вели во соопштението од Министерството. Наградата ќе биде врачена на 22 ноември во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија. ки/са/

Остани поврзан