Изјава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Имаме изборен ден мирен, без проблеми и очекувам одличен резултат, историски висока победа за ВМРО-ДПМНЕ, најдобра од 90-та до денес. Исто така очекувам пораката што ќе ја добиеме на крајот на овој ден, дека народот сака да се продолжи кон подобро, а не да се враќаме назад, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Гостивар, 19 октомври 2025 (МИА) - Имаме изборен ден мирен, без проблеми и очекувам одличен резултат, историски висока победа за ВМРО-ДПМНЕ, најдобра од 90-та до денес. Исто така очекувам пораката што ќе ја добиеме на крајот на овој ден, дека народот сака да се продолжи кон подобро, а не да се враќаме назад, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, се е во ред со гласањето во Гостивар. - Очекувам претседателот на Државната изборна комисија, предложен од редовите на СДСМ да организира фер избори, заедно со останатите членови на ДИК и секако со институциите кои што се надлежни за спроведување на законот. Алиби пораките и прочитаните изјави коишто доаѓаат од страна на пропаднатата, преплашена и не променета СДСМ, се одамна разобличени. Македонија помни и не заборава, рече Стојаноска.
Ние, како што рече, продолжуваме со нашиот одговорен однос и со испорачување резултати во областите коишто се од најголем интерес за нашите граѓани, тоа се борба против корупцијата, покачување на животниот стандард и испорачување на ветеното од овие локални избори и од последните парламентарни.
- Исто така, очекувам поразените да се соочат со реалноста и да ја прифатат пораката од граѓаните и конечно да започнат да работат на себе, а тоа е партиски, програмски и кадровски да се реформираат и да станат одговорни. Ние продолжуваме со нашиот одговорен однос, којшто е заслуга на довербата која ни е дадена од граѓаните. Македонија заслужува подобро и Македонија ќе победи, нагласи Стојаноска. мд/вј/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=ilL3sbK6qm8