Изјава на кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Александар Китански
- Кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Александар Китански откако го искористи своето право на глас за вториот круг од Локалните избори, до граѓаните ја упати по
Пехчево, 31 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Александар Китански откако го искористи своето право на глас за вториот круг од Локалните избори, до граѓаните ја упати пораката да гласаат по сопствено убедување и за оној кандидат за кого сметаат дека треба да го дадат својот глас.
- Јас како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата пред неколку минути го остварив своето право на глас. Ги замолувам сите мои сограѓани од Општина Пехчево најслободоумно и демократски да го дадат својот глас за кого мислат дека е подобро. Оној кој треба да победи нека победи, само да живееме со една идеја, да го направиме Пехчево поубаво место за живеење, рече Китански.
За предизборната кампања додаде дека истата се одвивала во духот на фер и демократска борба.
- Мислам дека во предизборната кампања се водеше фер и коректна борба, со некои мали недостатоци, но мислам дека се помина во најдобар ред. Се надевам дека и денешниот ден ќе помине во најдобар ред без некои посериозни инциденти, додаде Китански.
Кандидатот за градоначалник на Пехчево своето право на глас го оствари на гласачкото место 0020. вс/цр/