• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 238 санкции за брзо возење

Изречени 238 санкции за брзо возење

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Во сообраќајна контрола вчера на територијата на државава изречени се 238 санкции за брзо возење.

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан