• сабота, 23 ноември 2024

Изречени 203 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Изречени 203 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, како што соопшти денеска МВР, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин...

За време на контролата санкционирани се и 105 други видови на прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан