• вторник, 24 декември 2024

Изречени 19 санкции за непрописно вградени фолии

Изречени 19 санкции за непрописно вградени фолии
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Во периодот од 25 април до 2 мај, полицијата санкционирала 19 учесници во сообраќајот за непрописно вградени фолии на стаклата на возилата.
-Од 25.04.2022 до 02.05.2022  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 19 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти денеска МВР. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта. дма/са/

Остани поврзан