• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 181 санкции за брзо возење

Изречени 181 санкции за брзо возење

Скопје, 5 октомври 2023 ( МИА) -  Министерството за внатрешни работи вчера  спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава  за санкционирање  возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.

Од нив, како што соопшти денеска МВР,  четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. љм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан