• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан